Организаторите на Светското фудбалско првенство во Катар објавија денеска дека пиво, сепак, нема да им се продава на навивачите на просторот околу стадионите, пренесуваат локалните медиуми.
Објавата доаѓа на само два дена пред почетокот на Мундијалот, прв кој ќе се одржи во земја од Блискиот исток.
Главниот спонзор на СП, компанијата „Бадвајзер“ според првичниот договор на навивачите со влезници требаше да им продава алкохолно пиво внатре во кругот кој ги опкружува секој од осумте стадиони, три часа пред и еден час по завршување на секој натпревар.
ФИФА и Организацискиот одбор на Катар, засега, не ги коментираа медиумските написи.
МИА