До крајот на овој месец српската ракија направена од слива, позната какмо „шљивовица“ може да стане дел од репрезентативната листа на УНЕСКО на нематеријалното културно наследство на човештвото.
Дали „знаењето за подготовка и употреба“ на овој пијалок ќе се најде во неговата репрезентативна листа, ќе одлучи специјалната комисија на оваа меѓународна организација, последните денови од ноември.
Барањето за номинација било поднесено минатата година од Министерството за култура на Србија, а на предлог на Националниот комитет.. Се наведува каде и како најчесто се користи ракијата – од празнични и свадбени обичаи, до традиционални третмани, како и искуства кои се пренесуваат од колено на колено, а за кои експертите велат дека станале дел од националниот идентитет. „Печено“ во котлите на старите мајстори, тоа е дел од нашите радости, смеа, солзи, тага…стои во образложението.
„ Има огромни шанси шљивовицата да влезе на листата на нематеријално светско наследство на УНЕСКО. Жестоките пијалоци произведени во западноевропските земји не се поквалитетни од шљивовицата. Препеченица е еден од трите најсовршени пијалоци, заедно со вискито и францускиот коњак – проф. д-р Нинослав Никиќевиќ, еден од најголемите светски експерти за ракија.
Извор и фото: novosti.rs