Американскиот претседател Џо Бајден ги насмеа новинарите при прошетка со францускиот колега Емануел Макрон за време на самитот на Г20 на Бали.
Бајден, всушност, ги коментираше мускулите на рускиот снимател Јуриј Шолмов. На видеото кое се шири на интернет, не се гледа камерманот, но американскиот претседател го коментира неговиот бицепс…
– Овој човек има големи мускули. Се надевам дека сме на иста страна, рече на шега Бајден.
“There’s a man. I hope we’re on the same side.”
“Sir… he’s Russian.”
“I don’t care who he is. He’s got some real biceps. We call them guns.” pic.twitter.com/OKqRRi614b
— Timothy Burke (@bubbaprog) November 16, 2022
На тоа, некој му дофрли дека снимателот е Русин.
– Не ми е гајле кој е. Тој има навистина големи бицепси. Ние ги нарекуваме пиштоли, рече Бајден, допирајќи ги мускулите на човекот.