Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес во Зрновци на новинарско прашање за аферата „Паразит“ рече:
-Живееме во многу тешко време, кога народот од први до први едвај врзува крај со крај, кога сето тоа ни се случува, имаме мала група слепи послушници на власта од СДСМ и Дуи, книжат месечно илјадници евра и тоа го прават без срам, без ни малку чувство за тоа што граѓаните буквално мизеруваат. И место да се солидаризираат, еден од тие вели дека мала била директорската платата од 80, 90 или 100 илјади денари. Јас сум редовен професор на Универзитет и мојата плата е двојно помала од тоа. Сега замислете со што заслужил овој слеп послушник и главоклимач на власта да има двојно поголерма плата од редовен професор, можеби тројно поголема од просечната плата во државата и можеби неколкукратно поголема од работниците, кои осум часа поминуваат на работа за да го прехранат семејството. Тажно и жално е. Кога вели Ковачевски дека како со нож да го боделе кога ја предаваше Македонија и идентитетот, не знам какво му е сега чувството кога гледа како граѓаните едвај крај со крај врзуваат, а неговите околу него се богатат. Дали сега има мачнина и тежина во стомак и дали сега го бодат со нож или само тогаш кога ја продава Македонија, рече Мицкоски.