Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган попладнево го осуди „страшниот напад“ на популарната улица во пешачката зона во Истанбул, во кој загинаа најмалку шест лица, а повеќе од 50 беа ранети во експлозија на бомба.
Ердоган вети дека казната ќе ги снајде оние кои ќе извршат терористички напади врз турскиот народ.
„Првите индикации се дека се работи за терористички напад“, им рече претседателот на новинарите, додавајќи дека „вклучена е жена“.
Turkish media OdaTV published a photo of a woman who may be involved in the explosion in Istanbul, which claimed the lives of at least six people.
According to journalists, it was she who left the package on the central Istiklal Street, which later exploded. pic.twitter.com/HUbFgCoPjm
— AZ 🛰🌏🌍🌎 (@AZgeopolitics) November 13, 2022
Турскиот медиум OdaTV објави фотографија од жена која можеби учествувала во експлозијата во Истанбул во која загинаа најмалку шест лица. Според новинарите, токму таа ја оставила торбата во централната улица Истиклал, која подоцна експлодирал.
На социјалните медиуми уште се објавуваат вознемирувачки снимки по експлозијата, каде се гледаат починатите по експлозијата. Но, дел од тие видеа Твитер не дозволува да се прегледаат, особено не од малолетни лица, бидејќи се вознемирувачки.
Security forces evacuate people from the streets adjacent to Istiklal Street in Istanbul, where the explosion occurred, the wounded are taken away by ambulance. pic.twitter.com/ziPvVVGfV8
— AZ 🛰🌏🌍🌎 (@AZgeopolitics) November 13, 2022
Дел од медиумите во Турција неофицијално објавија дека загинатите се турски државјани, но тоа официјално се уште не е потврдено.
Во овој ден од неделата улицата е преполна со странски туристи.
Фото: Твитер принтскрин