Спиела со повеќе од 1000 мажи: Професионална љубовница откри кога се случуваат најмногу неверства – ММС
ММС

Објавено на: 11/16/22 9:00 PM

Спиела со повеќе од 1000 мажи: Професионална љубовница откри кога се случуваат најмногу неверства

Гвинет Ли го живее животот со полни гради.

Таа имa 50 години и води активен сексуален живот, а таргет ѝ се оженети, имотни мажи со различни професии.

„Има многу мажи со кои во моментот имам афера. Продуценти, хкери, мажи кои се занимаваат со финансии…сите тие сакаат да им бидам љубовница“, вели оваа заводничка.

Гвинет живее на релација Лондон-Калифорнија и открива дека се’ повеќе истражувања покажуваат дека септември е месец во кој се случуваат најмногу измами, односно дека тогаш мажите најмногу се впуштаат во тајни афери.

„На мажите им здодеа постојано да ги гледаат своите здодевни партнерки, па затоа бараат забава надвор од врската“, вели Гвинет која била во брак, меѓутоа се сомнева дека повторно „ќе стапне на лудиот камен“.

Таа не крие дека фетиш ѝ се оженети мажи бидејќи тие се многу повнимателни кон љубвницата за разлика од оние кои не се во брак.

„Оженетите мажи ги забележуваат сите детали, тие може да ви ја пофалат новата фризура или да збележат кога имате ново парче гардероба. Уживам во вниманието кое ми го даваат. Едноставно ми годи да имам астрономски број љубовници“, отворено истакнува оваа професионална љубовница. Нејзините избраници најчесто се богати, ситуирани мажи кои ја водат на луксузни места. Гвине е свесна дека многумина би можеле да го критикуваат нејзиниот стил на живот, но вели дека тоа не ја интересира бидејќи не може да живее вообичаен, здодевен живот.