Министерството за надворешни работи се уште нема информација дали во екслозијата на најпрометната улица во истанбул, која е преполна со туристи има настрадано македонски државјани.
На прашањето на ММС дали досега некој побарал помош и дали имаат информација за повредени или евентуално загинати, од МНР рекоа:
-Министерството со крајно загриженост ја следи ситуацијата по последната трагична експлозија во Истанбул, во вонредна функција се ставени Генерален конзулат во Итанбул како и Амбасадата во Анкара. Досега не се пријавени наши државјани кои побарале помош, но напоменуваме дека при евентуална потреба за помош нашите државјани може да нѐ контактират на дежурните телефонски броеви: +905456149777 во Истанбул и +38975273732 во Скопје, информираат од МНР.