(Видео) Цели 99 години живеела со превртени органи – На обдукција лекарите се шокирале од чудото на природата – ММС
ММС

Објавено на: 11/12/22 7:13 PM

(Видео) Цели 99 години живеела со превртени органи – На обдукција лекарите се шокирале од чудото на природата

Роуз Мери Бентли од Орегон имала едно од најретките анатомски пореметувања и со него живеела цели  99 години.
Внатрешните органи во нејзиното тело биле поставени на спротивни страни од вообичаеното.

Она што е уште почудно е што таа воопшто не била свесна за тоа, но тоа го открил научен тим од Универзитетот за здравје и наука во Орегон кога старицата починала и го донирала своето тело за проучување.
Неверојатниот случај го проучувал асистентот по анатомија Кам Вокер и го презентирал на годишниот научен состанок.

Иако идентитетот на луѓето кои даруваат органи или тела обично се крие, нејзиното семејство го одобри.

„Знаев дека нешто е различно, но ни требаше доста време да разбереме како природата го состави тоа“, рече асистентот, пренесува Ало.рс.

Кога го завршиле испитувањето, тимот дијагностицирал дека состојбата на Роуз е ситус инверсус, што значело дека таа има изменета положба на нејзините телесни органи, како инверзија во огледало.
Интересно, и покрај ова, Роуз сепак го имала срцето на левата страна.

Извор: курир.рс

Фото: Јутјуб принтсктин