(Видео) Мост убиец кај Визбегово им се заканува на луѓето, институциите не ги интересира, молчат шест месеци – ММС
ММС

Објавено на: 11/12/22 2:17 PM

(Видео) Мост убиец кај Визбегово им се заканува на луѓето, институциите не ги интересира, молчат шест месеци

Мост надвозник кај Визбегово, скопско наскоро ќе предизвика несреќа со жртви, доколку не се санира.

Мостот ќе падне врз возачите,  бидејќи е нестабилен, а од него висат парчиња бетон кои ќе паднат врз патот, по кој се движат многу возила, па затоа претставуваат опасност за луѓето и возилата кои се движат на него, но уште повеќе за тие што се движат под него.

Од ЦУК информираат дека неколку наврати побарале интервенција од потенцијално надлежните институции, но и покрај тоа опасноста се уште не е отстранета.

-Денеска повторно јавно ги повикавме надлежните институции, но и медиумите и граѓаните. Институциите да реагираат, медиумите дополнително да истражат и информираат, а граѓаните да пријават било каква опасност на бројот 112. Бидејки, за нас од ЦУК, безбедноста на граѓаните секогаш е на прво место. Односно „сејфти фрст!“, каков што е и слоганот, велат од центарот.

Директорот Стојанче Ангелов вели дека реагирале уште во јуни.

-Граѓаните беа вознемирени и ги пријавија проблемите со мостот, кој води кон Визбегово, но и магистралниот пат кон Косово. Излеговме на терен, видовме како мостот вибрира кога ќе поминува возило, нема бетонски плочи, висат шипки. Неколку пати се обративме во Министерството за транспорт, до Општина Бутел, ЈП за државни патишта, ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта и Град Скопје. Одговор добивме само од ЈП за државни патишта, кое посочи дека не е надлежно, дека за тоа е задолжена локалната сампуправа. Денес повторно реагираме и бараме итно да превземагт мерки. Не треба да чекаме некој да настрана за да реагираме. Бараме и да се испита стабилноста на мостот, вели Ангелов.

(В.М.)