Извадете ги старите работи од таван! Чизмите до колена, фустанот со „шлиц“ и хеланките се враќаат во мода – ММС
ММС

Објавено на: 11/10/22 11:17 AM

Извадете ги старите работи од таван! Чизмите до колена, фустанот со „шлиц“ и хеланките се враќаат во мода

Кратките чизми со години се најпопуларни чизми за постудените месеци, но оваа сезона повторно ќе доминираат обувките до колена, сметаат познавачите.

Покрај тоа што изгледаат многу стилски и ја издолжуваат женската фигура, чизмите до колена се и многу практични и стоплуваат кога тоа е најпотребно. Комбинациите со чизми до колена може да бидат предизвик за некои жени, па следат неколку совети и предлози.

Фустан со цеп

Доколку сакате да го покажете новиот чифт чизми, можеби најубаво е тоа да го направите тоа со фустан со шлиц до бедрото.

Долгите чизми може да се носат и со мини-фустан, мини-здолниште, тесни фармерки.

Хеланки

Ако не ви се допаѓа како изгледаат панталоните сместени во чизми, комбинирањето со хеланки е сигурниот избор, а црно-бела палета ќе го направи целиот стајлинг уште поелегантен.

МИА