(Видео) Срам на стадион во Чаир! Поради инцидент не се одигра натпреварот Шкупи-Шкендија – ММС
ММС

Објавено на: 11/9/22 2:25 PM

(Видео) Срам на стадион во Чаир! Поради инцидент не се одигра натпреварот Шкупи-Шкендија

Натпреварот Шкупи – Шкенидја од четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија е во прекин поради влегување на домашни навивачи на теренот на стадионот во скопската населба Чаир.

Инцидентот се случи во 9.минута кога гостите од Тетово поведоа со 1:0. Стрелецот на голот, Дашмир Елези по постигнување на голот ги испровоцира најбучните навивачи на Шкупи. Некои од нив влегоа во терен и ги нападнаа гостинските навивачи.

По реакција на полицијата и на редарите, публиката се врати на трибините, но продолжи фрлањето на пиротехнички средства и други тврди предмети.

Нешто подоцна двете екипи се повлекоа во соблекувалните.

Според неофицијални информации, денешниот натпреварот нема да се доигра и најверојатно Шкендија ќе добие службена победа, а актуелниот македонски шампион Шкупи се соочува со санкции од ФФМ.

Погледнете од видеата што се случуваше:


Од МВР сеуште нема детали за настанот.