Најпопуларните, но и најомразени чизми добија нов детаљ – сега имаат и платформа! – ММС
ММС

Објавено на: 11/9/22 9:00 PM

Најпопуларните, но и најомразени чизми добија нов детаљ – сега имаат и платформа!

Откако станаа популарни пред дваесетина години, УГГ чизмите станаа дел од речиси сечиј стајлинг и секоја зимска сезона се враќаат во ново руво.

И понатаму во фокусот е мини верзијата која од минатата есен редовно ја гледаме на нозете на многу трендсетерки, а ваквите обувки сега добија и нов детаљ – платформа.

Без разлика што на многу луѓе не им се допаѓа ваквиот дизајн, оние кои ги носат тврдат дека нема други обувки кои се толку топли и удобни. Веројатно својата популарност им ја „должат“ токму на практичноста и удобноста.

Од друга страна, најновиот модел со платформа од 5 сантиметри веќе го носат мнгу славни личности меѓу кои и Бела Хадид и Елса Хоск. Овој модел на чизми стана популарен и кај нас и во земјите од регионот.  Се чини дека и оваа зима многу дами нема да се откажат од својот пар иако љубителите на елеганцијата и класиката ги критикуваат, а според некои мажи, ова се најгрдите обувки.

 

Извор: stil.kurir.rs