Пред околу еден час на бројот 112 е добиен повик за помош на две лица кои со квадрицикл излетале надвор од земјен пат и паднале во бездна длабока околу 20 метри, по селото Алдинци во близина на вила „Принц” – информираа попладнево од ЦУК.
Од страна на ЦУК се известени и координирани МВР, Итната медицинска помош и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Во тек е спасувачка мисија за извлекување на двете лица кои се наоѓаат во стабилна здравствена состојба со засега неидентификувани повреди.
– На местото на несреќата е пристигната екипа на Итната медицинска помош. но поради непристапноста на теренот се чека на тимот со специјална опрема од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, што се движи кон местото на несреќата и треба да пристигне во секој момент, соопштија од ЦУК, најавувајќи дека дополнително ќе известат за секој нов момент.