Најновото истражување покажа дека луѓето кои живеат најдолго сакаат да следат едно правило, а тоа е правилото за исхрана 80/20.
Сините зони се области кои имаат најголема концентрација на луѓе кои живеат до 100 или повеќе години. Во Сините зони спаѓаат: Јапонија, Сардинија (Италија), Лома Линда (Калифорнија), Икарија (Грција) и Костарика.
Истражувањето објавено во American Journal of Lifestyle Medicine покажа дека повеќето жители на Окинава го следат правилото 80/20. Тоа значи дека тие го јадат секој оброк додека не се заситат 80 проценти. На тој начин го спречуваат прејадувањето кое доведува до дебелеење и болести. Со други зборови, тие ја гледаат храната како превентивен лек.
Со помош на правилото 80/20 му „даваат време“ на стомакот да му „каже“ на мозокот дека е полн. Во споменатото професионално списание, исто така беше наведено дека преостанатите 20 проценти може многу добро да бидат значајни за губење или зголемување на телесната тежина.
– Со оглед на тоа дека се потребни околу 20 минути по оброкот за да се чувствувате сити, практикувањето на правилото 80/20 му овозможува на мозокот да го „престигне желудникот“ – изјави нутриционистката Лорен Манакер за списанието Eat This, Not That.
– Овој начин на исхрана не значи дека ви е забрането да уживате во јадењето на омилената храна. Целта е едноставно малку повеќе да се грижите за вашите навики во исхраната и да препознаете дали јадете нешто затоа што сте навистина гладни или сте навикнати на непотребно прејадување – додаде таа.
Извор: espreso.co.rs
Фото: Фрипик