Десертите со портокал се најпопуларни во есенските и зимските месеци.
Токму поради тоа, ние денес ви предлагаме едноставен рецепт за превкусен десерт!
Класичните колачи во кои основата е со бисквити секогаш се добар избор, особено кога се комбинирани со сочно овошје како што е портокалот. Доколку го избегнувате белото брашно поради глутеност или пак, млекото поради лактозата, постои многу поздрава варијанта која можеби е и повкусна. Една од предностите кај ваквите колачи е тоа што не морате да ја отстраните кората од портокалот, туку претходно да го сварите, бидејќи на овој начин ќе го елиминирате горчливиот вкус на кората. Наместо класичното бело брашно може да користите мелени бадеми или уште подобро бадемово брашно. Ако сакате уште поздрава варијанта, наместо 230 грама шеќер употребете 80 – 100 грама мед (најмалку шест ипол супени лажици) и ќе имате совршен колач.
Состојки:
2 портокала со средна величина
1,5 лажичка прашок за печиво
6 јајца
230 грама шеќер
300 грама мелени бадеми
Подготовка:
Извадете ги јајцата од фрижидер за да отстојат на собна температура барем два часа пред подготовката на колачот.
Во садот во кој планирате да го печете десертот, ставете хартија за печење па посипете педесетина грама мелени бадеми.
Измијте ги портокалите па ставете ги во тенџере и сипете вода колку да ги „покрие“ портокалите. Варете ги на средна температура околу 40 минути, а ако водата испари, додавајте вода сè додека не е покриено овошјето.
Потоа извадете ги портокалите од тенџерето и оставете ги да се изладат. Пресечете ги, извадете ги коските и ставете ги во блендер.
Блендирајте сè додека смесата не добие текстура на џем.
Во подлабока чинија со миксер изматете ги јајцата и шеќерот. Откако ќе добиете густа мешавина со светложолта боја, ваквата смеса измешајте ја со мелените бадеми и изблендираните портокали, па се добро промешајте.
Сипете во калап и печете во претходно загреана рерна на 180 степени. Би требало колачот да се пече околу 45 минути, а за да знаете дали е готов „боцнете“ во него чепкалка за заби и ако е сува кога ќе ја извадите, значи дека десертот е готов.
Кога ќе се излади декорирајте со парчиња портокал, рендана корона од портокал, шеќер во прав или уште мелени бадеми.
Фото: Илустрација / Freepik