Броeницата служи за молитва и тоа е нејзината единствена цел, а не украс како што многумина мислат.
Секоја броеница треба да има онолку јазли колку што имал Исус на земјата. А броеницата се препорачува да се носи на левата рака, од практични причини – додека се прекрстуваме за време на молитвата.
Исто така, бидејќи повеќето луѓе повеќе ја користат десната рака, носењето на броеницата на левата рака ја намалува можноста да се фати некаде и да се скине. Секако, доколку личноста е левак, во тој случај попрактично е да ја носите на десната рака.
Покрај тоа, има броеници кои се носат околу вратот.
Кога броеницата не се користи во молитвата, се препорачува да се остави заедно со молитвеникот, Светото писмо и иконите.
Многу теории кружат околу тоа дали треба да си купиме броеница за себе, или некој друг да ни ја подари. Верувањето дека некој треба да ни подари броеница е само суеверие. Убав гест е ако некој ви подари броеница, но не е потребно, можете да си купите и сами за себе.
Една од најголемите енигми поврзана со броеницата е што да се прави со неа кога ќе се искине?
Кога ќе се скине броеницата треба да се запали. Фрлањето на осветените работи е грев, затоа се палат броениците и другите осветени работи.
Во храмовите, црквите и манастирите, можете да најдете броеници кои претставуваат уникатни уметнички дела. Покрај плетените броеници, има и метални и нанижани.
Извор: новости.рс
Фото: Википедија