(Видео) „Таа ноќ кога ќе умрам“ – Последната песна на легнедата објавена на денот кога почина – ММС
ММС

Објавено на: 11/6/22 4:16 PM

(Видео) „Таа ноќ кога ќе умрам“ – Последната песна на легнедата објавена на денот кога почина

Денеска се навршува тажна годишнина од смртта на пејачот Маринко Роквиќ.

Семејството на пејачот реши да ја претстави последната песна што Маринко ја снимил непосредно пред да дознае дека боледува од страшна болест, токму на годишнината од смртта на оваа легенда.

Насловот на песната е „Те ноќи када умрем“, а многумина веруваат дека пејачот со оваа песна ја претчувствувал смртта.

– Таа ноќ кога ќе умрам, кога ќе се вратат старите љубови, таа ноќ нека ме испратат со нејзина песна… , гласи текстот на последната песна што ја испеал Маринко, пишува Телеграф.рс.

Јавноста за оваа песна ја информираше синот на Маринко, Никола Роквиќ, кој на Инстаграм објави дел од песната заедно со семејни фотографии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Rokvic (@nikolarokvic)


– Легендите никогаш не умираат! Можеби само понекогаш одат во други светови за да однесат љубов, радост, среќа и искрени емоции и таму! Со гордост ви ја најавувам последната песна на нашиот татко Маринко, песна што ја снимил неколку месеци пред да открие дека е болен! Песната ќе ја слушнете на 6.11. во 11 часот точно во денот и часот кога замина… – напиша Никола Роквиќ на Инстаграм.
Маринко Роквиќ почина на 6 ноември на 68-годишна возраст, откако се бореше со тешка болест. Зад себе остави три сина, внуци и сопругата Славица, како и бројни хитови.

Слушнете ја песната: