Кралицата на поп музиката, Мадона (63) во последно време не престанува да ги шокира своите обожаватели на социјалните мрежи.
Сега на социјалните мрежи сподели видео во кое ги кажува зборовите на песната „Вент“ на уметникот Бејби Ким.
-Дали некогаш сте добиле тупаница во лицето? Што сакаш да кажеш дека не си? Добро, чекај – вели Мадона гледајќи налутено во камерата.
Таа на ТикТок објави малку поексплицитна верзија на истото видео со песната L$D раперот Лукловер, а во видеото се врти и танцува во градник.
@madonna♬ L$d – Luclover
”Што гледав сeгa?”, ”Се губиш”, ”Хорор”, ”Навистина ѝ треба помош”, ”Нè плашиш”, ”Каде ја снема Мадона? “, „Тажно“, „Страшно“, се само дел од коментарите.
„Замрзнатиот“ и нималку природен изглед на лицето на Мадона со години ги полни медиумските редови, а следбениците не престануваат да се расправаат на социјалните мрежи. Неодамна реши да им стави крај на критичсрите кои ја обвинуваат дека постојано користи филтри на нејзините фотографии за да ги избрише годините, па објави немонтирано видео на ТикТок и покажа како навистина изгледа.
Но, се чини дека новата објава и не беше баш најдобриот потег бидејќи многу фанови коментираа дека изгледа „неприродно“ поради преголемите посети на естетските корекции.
– О Боже мој, о Боже, зошто го направи тоа – вели Мадона во видеото во кое во еден момент се појавува со шминка за да ја покаже разликата.
Инаку, ова не е првпат Мадона да ги шокира своите фанови. Пејачката често објавува свои провокативни фотографии. Неодамна објави бизарно видео кое ги преплаши корисниците на Инстаграм, а на лицето носи маска од тантела додека пуши наргиле. Маската ги открила само очите и устата, а на забите има дијаманти.
Извор: Вечерњи.хр