Двајца рудари кои поминаа девет дена заробени во урнатиот рудник за цинк во Јужна Кореја, беа спасени и преживеаја благодарение на инстант кафе.
Мажите на возраст од 62 и 56 години се стоплиле така што палеле оган и направиле шатор од пластика.
Тие се спасени доцна синоќа и хоспитализирани. Би-Би-Си пренесува дека се во стабила здравствена состојба.
Властите соопштија дека рударите преживеале пиејќи вода што капела од таванот и користеле инстант кафе за оброци.
Тие останаа заробени на речиси 200 метри под земја, откако на 26 октомври се урна дел од рудникот за цинк во кој рабоэ еа во Бонгва, на истокот на земјата.
МИА