Триесет и едногодишната, Џес О’Конор од натпреварувањето “Married at first Sight” (Брак на прв поглед) си ја отвори душата и раскажа за бизарната ситуација во која се нашла.
Во својата емотивна исповед таа прозборе за тоа како се чувствувала кога дознала дека нејзиното момче ја изневерува со нејзината маќеа. Џес истакнала дека дури размислувала и за самоубиство и дека ѝ требало многу време за да се помири со ситуацијата во која се нашла. Со поранешното момче Дени била во врска околу четири години, тие имале заедничка куќа во која живееле. Врската делувала идилично, па таа не претпоставувала дека нештата ќе се променат. Тој бил како дел од фамилијата и со сите нејзини блиски одлично се согласувал.
Тала било сѐ додека една вечер Џес сакала да си легне порано, а Дени останал во друштво на нејзината маќеа Вероника. Пиеле алкохол и се забавувале. На младата девојка не ѝ делувало дека ситуацијата би можела да биде проблематична. Сепак, Дени (24) и Вероника (52) имале други планови.
„Маќеата во мојот живот беше 24 години, ја сметав за втора мајка. Имав целосна доверба во неа, а таа ми заби нож во грб“, изјавила Џес во интервју за San.
View this post on Instagram
Ваквиот немил настан се случил пред четири години. За да биде работата уште полоша, до инцидентот дошло откако семејството организирало собир додека во куќата биле братот и сестрата на Џес. Таа решила да си легне порано, но околу пет часот наутро се разбудила и сфатила дека Дени не е во креветот.
Кога отишла во дневната соба, таму нашла празно шише од шампањ, а телефоните на Дени и на маќеата биле на масата, додека нивната гардероба била на сите страни. Веднаш ѝ било јасно што се случило во текот на ноќта. Дени спиел на каучот и кога ја видел Џес, во „полубунило“ облекол чипкасти панталони. Џес и Дени имале бурна расправа, па Дени си заминал со автомобилот на Џес, а Вероника признала сѐ.
По ваквата ужасна ситуација, девојката со години се борела со трауми. Таа објаснила дека одела и на терапија за да го надмине предавството.