Драма во кичевско: Фатен крадец на дрва, па побегнал со џипот, па се судрил со возилото на Шумската полицијата, па се степал со нив – ММС
ММС

Објавено на: 11/4/22 1:55 PM

Драма во кичевско: Фатен крадец на дрва, па побегнал со џипот, па се судрил со возилото на Шумската полицијата, па се степал со нив

Вчера во Кичевско се случувало драма меѓи крадец на дрва и шумската полиција. Од СВР Охрид потврдуваат дека приведен е кичевчанец.

-На 03.11.2022 година во ОВР Кичево лишен од слобода е Б.В.(24) од Кичево. Тој, претходно, во шумскиот појас во атарот на кичевското село Цветорача бил затекнат од патрола на Шумската полиција и шумочуварската служба,  при нелегален транспорт на огревно дабово дрво што го вршел со возило – џип. Притоа, во обид да бега, Б.В. со автомобилот удрил во службеното возило на Шумската полиција а потоа нападнал претставник на Шумската полиција. Против него, по целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.