Фајзер и Бионтек ќе тестираат комбинирана вакцина против ковид-19 и грип – ММС
ММС

Објавено на: 11/3/22 1:15 PM

Фајзер и Бионтек ќе тестираат комбинирана вакцина против ковид-19 и грип

Американската компанија Фајзер и нејзиниот германски партнер Бинтек ќе тестираат комбинирана вакцина против коронавирус и грип.

Испитувањето се спроведува во САД, а компаниите сакаат да регистрираат 180 волонтери на возраст од 18 до 64 години. Првиот учесник во студијата прими доза оваа недела.

Ривалите Модерна Инк и Новавакс Инк исто така развиваат комбинирани вакцини против ковид-19 и грип.

 

МИА