Во Австрија вакцинирале со погрешни дози вакцини против коронавирус – ММС
ММС

Објавено на: 11/3/22 10:28 AM

Во Австрија вакцинирале со погрешни дози вакцини против коронавирус

Неправилна етикета на картон во Австрија предизвика збунетост кај лекарите, поради што беа дадени погрешни дози на вакцини против коронавирусот.

Во пакетот вакцини на Фајзер пишувало дека се вакцини прилагодени на новиот сој BA.4 и BA.5, но се дози за стариот сој BA.1, јави јавниот сервис ОРФ.

Колку такви дози биле инјектирани засега е најасно. Погодени се граѓаните во провинцијата Долна Австрија.

МИА