– Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, цената на природниот гас за ноември ќе се намали за 500 евра за 1000 нормални метри кубни, во однос на цената за октомври оваа година, соопшти денеска „Макпетрол“ АД Скопје.
Од АД Макпетрол воедно информираат дека малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG), кој се продава на нивните бензински станици се намалува за 49,5 денари за килограм во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 184 денари за килограм.
Новата цена ќе биде 134,50 денари за килограм или 96 денари за литар.