Викендов во Истанбул, Турција се одржа изборот за убавина Кралица на Евроазија 2022.
Нашата претставничка Мија Стерјовска (18) од Скопје ја освои титулата Кралица на убавината (Queen of Beauty), како најубава од сите 30 кандидатки од исто толку држави од Евроазија.
-Освен Мија, уште една членка на Модното студио Црнокрак успеа да освои титула, и тоа главната, победничка на изборот. Тоа е нашиот интернационален модел, Доти Полгар од Будимпешта, Унгарија, со која соработуваме речиси 8 години. Со тоа го продолживме успешниот низ на освоени интернационални титули, дури 15 кои само оваа година ги освоивме со девојките и момчињата од Модното студио „Црнокрак“. Но не застануваме тука, до крајот на годинава следат уште неколку избори ширум целиот свет”, изјави Мики Црнокрак директно од Истанбул веднаш по финалето. Изборот Кралица на Евроазија се одржа во Маскарада, еден од најдобрите клубови во Истанбул и цела Турција.