Јапонецот Кохеи Ниши (27), поранешен програмер, стана необична порно ѕвезда.
Тој е висок само 106 сантиметри и изгледа како седумгодишно дете, сосема случајно се нашол во индустријата за возрасни, а потоа тој тип на работа станал негова голема страст.
Ниши има мукополисахаридоза, многу ретко и неизлечиво хормонално пореметување, кое настанало како резултат на тумор на мозокот што го имал кога бил дете. Тоа е главната причина зошто останал толку низок. Кохеи не може да стои повеќе од пет минути, а најчесто снима сцени лежејќи на кревет.
View this post on Instagram
За се е „виновна“ една пијана ноќ. Тој разговарал со продуцент кој се пожалил дека е многу тешко да се најде „нешто ново“ во бизнисот.
– Ми кажа дека порно филмовите станале здодевни, па му дадов идеја да режира и да учествувам во некои од нив, секој пат ќе менуваме нешто. Пред да ја започнам мојата порно кариера, бев програмер кој правеше апликации за iPhone и ми беше многу досадно во животот – изјавил Ниша.
Тој вели дека неговите филмови служат за разбивање на предрасудите за лицата со попреченост, но дека честопати треба да се занимаваат со „како овие луѓе се експлоатираат“. Затоа станал режисер и актер во неговите филмови.
View this post on Instagram
– Се уште има хејтери, но многумина престанаа да не критикуваат. Никој во оваа индустрија не изгледа помлад од мене. Незаконски е да се ангажираат деца за снимање и мојата цел е да се спречи сексуалната експлоатација на децата – објаснува тој.
Сепак, тој истакнува дека приватно е прилично незаинтересиран за секс.
– А кој вели дека човек со попреченост не може да биде во порно филм – заклучува тој.
View this post on Instagram
Извор: курир.рс
Фото: Инстаграм