Многу преживеани ги споделија своите сведоштва за трагедијата на социјалните мрежи.
Меѓу нив е и Натан Тавернити од Сиднеј, Австралија.
Тој раскажа како ја гледал својата пријателка како умира пред него додека повикувал помош. До нејзиниот 24-ти роденден имало уште 12 дена, рече Тавернити во трогателно видео на ТикТок кое е прегледано повеќе од девет милиони пати.
„Бев таму додека таа не можеше да дише“, рече тој, додавајќи дека гужвата била „бавна и болна“.
„Ние викавме… „Треба да се вратите, свртете се“, но никој не послуша“, вели Тавернити.
Неговите други двајца пријатели се повредени.
„Гледав луѓе како снимаат, пеат и се смеат додека моите пријатели умираат заедно со многу други луѓе“, додаде тој.
Тавернити ја критикуваше реакцијата на властите и недоволното планирање, велејќи дека трагедијата можела да се избегне.
„Знаете колку луѓе отидоа на тој настан. Зошто не бевте подготвени?
„Чекав 30 минути да дојде полицијата каде што бев…и уште подолго за итната помош. Имаше луѓе кои лежеа на земја кои беа оживувани. А тоа не го правеа лекарите туку нестручни луѓе, кој и да дојдеше “, заклучува тој.
Извор: индекс.хр
Фото: Принтскрин Јутјуб