„Најсреќниот човек на светот“ дојде во Скопје. Македонската премиера на Националниот претставник за Оскар се одржа вчера вечерта во Кино Милениум.
Најновото остварување на Теона Стругар Митевска дојдоа да го видат љубителите на филмот, секако и да ѝ дадат поддршка во понатамошниот успех, кој го очекува овој филм.
Во текот на месеците кои следат, промоцијата на филмот низ светот ќе се одвива во силен ритам собирајќи нови признанија од селекција на престижни фестивали до ексклузивни прикажувања и започнување на редовно кино прикажување во многу земји.
Вчера кусо се обратија и Теона и Лабина, а по завршување на филмот добија огромен аплауз.
Дел од присутните беа и претседателот Пендаровски, со сопругата Елизабета.
Погледнте низ галеријата на нашиот фоторепортер Вангел Тануровски, кој сѐ беше гостин во кино Милениум: