Уапсен жител на Смедерево- одгледувал питони, гуштери и алигатори – ММС
ММС

Објавено на: 10/28/22 1:11 PM

Уапсен жител на Смедерево- одгледувал питони, гуштери и алигатори

Смедеревската полиција во соработка со Основното јавно обвинителство, кај педесет и петгодишен маж од Смедерево откриле 15 егзотични животни без соодветна документација.
Со тоа сторил кривично дело, уништување, оштетување, извоз во странство и внесување во Србија на заштитено природно богатство.

Инспекторите на криминалистичката полиција во неговата куќа пронашле четири мрежести питони, топчест питон, четири гуштери од Нил, гуштер од Савана, американски алигатор, бурмански питон, боа констриктор, сант боа и мајмун мрмосет.

Сите животни се одземени и предадени на Републичката ветеринарна инспекција, а против осомничениот во редовна постапка ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство.

Izvor: RTS