Откажан концертот на Божо Вреќо, парите за билетите ќе бидат вратени – ММС
ММС

Објавено на: 10/28/22 10:03 AM

Откажан концертот на Божо Вреќо, парите за билетите ќе бидат вратени

 

Концертот на босанскиот пејач Божо Вреќо, кој требаше да се одржи на 1 ноември 2022 година во Филхармонијата во Скопје, е откажан поради технички причини.

-Изразуваме жалење за откажувањето на настанот и ги повикуваме сите кои веќе купиле билет да се обратат до продажното место каде што ќе им биде вратена сумата. Наскоро ќе бидете информирани за новиот датум, велат од компанијата „Чујте и почујте“, кои беа организатори.