„Ѝ се восхитувам и ја сакам“ – Како Сузана стана снаа на Софија Лорен, има само пофални зборови за свекрвата – ММС
ММС

Објавено на: 10/27/22 8:00 PM

„Ѝ се восхитувам и ја сакам“ – Како Сузана стана снаа на Софија Лорен, има само пофални зборови за свекрвата

Сузана Дробњаковиќ, односно Саша Александар, е родена на 17 мај 1973 година, позната е во Холивуд,  успешна американска актерка и ТВ режисерка и важи за една од најпознатите Србинки во светот.

Татко ѝ е Италијанец, а мајка ѝ Србинка, чие презиме го носи. А тоа што таа се најде во центарот на вниманието е фактот што е во брак со режисерот Едуардо Понти, син на актерката Софија Лорен, со кого има две деца.

-Се знаеме од времето кога татко ми работеше за Софија како кројач во Италија. Учевме заедно, бевме добри пријатели, но помина долго време пред да откриеме дека има нешто повеќе. По колапсот на мојот прв брак, судбината повторно ме спои со Едуардо. Ручав во ресторан кога ми пријде млад човек со нежни црти и ме праша дали се сеќавам на него. Едвај го препознав, рече таа за средбата со нејзиниот сопруг.

Многумина ги интересираше каква била нејзината прва средба со познатата свекрва, додека Саша истакнала дека секогаш добро се сложувале, и изразила воодушевување од неа.

– Бев нервозна. Но, таа ме прегрна силно и тогаш ја видов сета нејзина внатрешна убавина. Таа е зачудувачка во секој поглед. Најдоброто е што таа е најнормалната личност и најмногу ѝ се восхитувам и ја сакам. Знам дека таа е икона и апсолутна легенда, но како член на семејството, најубавото нешто е што таа е навистина, навистина нормална“, рече таа.

Саша и Едуардо се венчале во 2007 година, во руската православна црква во Женева, имаат две деца, ќерката Лусија и синот Леонардо.

 

Ивор: espreso.co.rs

Фото: Инстаграм