Три лица заработија кривична пријава поради злоупотреба на туѓи податоци со помош на кои подигнале брз кредит.
„СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(25) од село Јеловјане, тетовско, вработен во правно лице – финансиско друштво поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ и против Ф.Д.(31) и Е.Б.(33) од село Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Првопријавениот, со лична карта на лице од село Раотинце, без негово знаење подигнал готовински кредит во финансиското друштво во Тетово, додека останатите пријавени како вработени во финансиското друштво му овозможиле да ги злоупотреби податоците и да го подигне кредитот со туѓа лична карта,“ информираат од Полицијата.