Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска истакна дека исплатата на платите на вработените во градинките доцни заради доцнењето на градинките со доставувањето на податоците за платите поради покачувањето од 15 проценти.
„ Платите ги потпишав вчера. Доцнеа заради доцнењето на градинките со доставувањето на податоците за платите. Платите го подготвуваат стручните лица во самите градинки – сметководители, благајници што ги имаат во градинките, кои поради покачувањето од 15 проценти на платите на давателите на јавни услуги мораа да прават нова пресметка и наместо до 15-ти, еве малку доцни, рече Тренчевска на настанот на која беше промовирана мерката „Поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции“ од Оперативниот план за активни програми и мерки за 2022 година.
Таа истакна дека вината не е во Министерството за труд и социјална политика, туку во самите градинки кои доцна доставиле пресметка на плата.
„ Врз основа на нивните пресметки, ние го правиме електронскиот систем кај нас и ја праќаме платата во трезор, рече Тренчевска.