Приведен кичевчанец, во домот му нашле пиштол и пет моторни пили – ММС
ММС

Објавено на: 10/26/22 10:52 AM

Приведен кичевчанец, во домот му нашле пиштол и пет моторни пили

Во домот на педесет и тригодишен жител на селото Мамудовци, кичевско полицијата нашла пиштол и пет моторни пили. Тој бил приведен а заработил и кривична пријава.

„На 25.10.2022 околу 18.50 часот на ул.„Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници од Одделението за недoзволена трговија со дрога и оружје при ОВР Кичево го лишиле од слобода М.Т.(53) од с.Мамудовци, кичевско. При претрес во неговиот дом и други простории и во неговото возило „гранд чироки“, со кичевски регистарски ознаки, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол марка „Екол специјал 99“ со празна рамка и пет моторни пили,“ информираат од Полицијата.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.