Пијан возач ќе плати глоба и ќе оди во затвор, возел со 3,5 промили алхохол во крвта – ММС
ММС

Објавено на: 10/25/22 4:31 PM

Пијан возач ќе плати глоба и ќе оди во затвор, возел со 3,5 промили алхохол во крвта

Дваесет и осумгодишен возач од Ниш, кој минатиот викенд бил фатен како вози со 3,52 промили алкохол во крвта, ќе треба да одлежи затворска казна од 30 дена и да плати 220.000 динари или 110.000 денари.

Ваква пресудата му изрече денеска Прекршочниот суд во Ниш.

-„Возачот е осуден на 30 дена затвор, парична казна од 120.000 динари за насилно возење, бидејќи возилото го управувал под дејство на алкохол, уште 100.000 динари затоа што возел и покрај тоа што имал забрана. Нема да може да вози автомобил 12 месеци бидејќи доби забрана, а ќе има 18 казнени поени. Ова е првостепено решение против кое и тој и полицијата имаат право на жалба –  изјавиле од управата на Прекршочниот суд во Ниш.

Откако бил фатен во алхохолизирана состојба, бил приведен во полициско одделение за да се отрезни.

извор-kurir.rs