Традиционално, жените ширум светот со нетрпение го очекуваат новиот календар на австралиските пожарникари, а чекаа затоа што неодамна се појави во продажба.
Момчињата и оваа година позираа голи до струк.
Направија шест варијанти на календарот – класични, само во фармерки, како и со разни животни. Сите приходи од продажба, како и секоја година, одат за хуманитарни цели.
View this post on Instagram
Тие им помагаат на различни организации, од оние кои се грижат за болните деца до здруженијата за заштита на животните.
Календарите ги нарачуваат луѓе од целиот свет. Цената е 14,77 евра, а оние кои ќе купат три парчиња одеднаш добиваат попуст од 10 проценти.
Ги праќаат и во Европа, па ако сакате да му ги разубавите новогодишните празници на пријателka, ова е одлична идеја – тие се пријатни за око, а со плаќањето ќе му помогнете на некого.
View this post on Instagram
Вакви календари прават од 1993 година, а годинава слават триесет години.
Не se знае кој е посладок, овие згодни пожарникари или животните со кои се опкружени за време на снимањето…