Македонската фудбалска репрезентација загуби од Саудиска Арабија – ММС
ММС

Објавено на: 10/22/22 6:50 PM

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Саудиска Арабија

Македонската фудбалска репрезентација вечерва загуби на гостувањето во Абу Даби кај Саудиска Арабија со 1:0.

Стрелец на единствениот гол беше Салех Ал Шери.

Селекторот на „црвено-жолтите“ на овој натпревар шанса да настапат им даде на играчите од домашното првенство.

Македонската репрезентација голот го прими во 85.минута, а во последните моменти беше драстично оштетена со недосудени два пенала во иста акција. Најпрво Стојановски беше фаулиран во шеснаесетникот на домаќините, а потоа еден играч на Саудиска Арабија по ударот на Трапановски, со рака од гол-линијата ја врати топката во поле.