Штипјанец под мост на Брегалница крадел бакарен кабел – ММС
ММС

Објавено на: 10/20/22 12:08 PM

Штипјанец под мост на Брегалница крадел бакарен кабел

Т.З.(44) од Штип вчера во 13:15 часот бил повикан во СВР Штип, бидејќи по преземени мерки и активности било дојдено до сознание дека извршил кривично дело „тешка каржба“.

Како што информира МВР, во периодот од 10 до 12 октомври годинава тој со употреба на сила и алат под мост на река Брегалница на улицата „Борис Кидрич“ во Штип одзел 130 метри бакарен кабел, сопственост на телекомуникациска компанија.

При извршен службен разговор во полициска станица Т.З. го признал делото. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.