Висат починати и сандаци – Се урнаа гробишта во Неапол – ММС
ММС

Објавено на: 10/19/22 9:58 AM

Висат починати и сандаци – Се урнаа гробишта во Неапол

На гробиштата Поџореале во Неапол, дел од теренот повторно се урна, а десетици ковчези останаа да висат на карпите. На почетокот на годината се урна дел од гробиштата, но тогаш од спротивната страна. Целата област е оградена и отворена е нова истрага.
Делот од гробиштата кој се урна се наоѓа во близина на крематориумот, а отворени се десетина сандаци со видливи трупови, без никаква заштита.

Општина Неапол издаде наредба за затворање на гробиштата до дополнително известување. Во моментот на уривањето немало посетители, бидејќи се се случило откако гробиштата биле затворени.

Поџореале, најголемите гробишта во Неапол и едни од најголемите во Европа, се наоѓаат во населбите Секундиљано и Сан Карло ал Арена.

МИА