Затвореник, oсуденик на 20 години затвор се шетал низ Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 10/18/22 4:04 PM

Затвореник, oсуденик на 20 години затвор се шетал низ Скопје

Затвореник, кој е осуден на 20 години затвор, слободно се шетал низ Скопје.

-Денеска (18.10.2022) во 14.30 часот на бул.„Србија“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Р.(34) од Кочани, со живеалиште во Виница. Тој бил осуден на казна затвор од 20 години за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по распишана централна потерница по наредба од Казнено-поправната установа Затвор Куманово и од Основен суд Виница за доиздржување на шест години и девет месеци од казната, информираат од МВР..
Лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено поправна установа за доиздржување на казната.