Бред Пит го зазеде 4-тото место на листата на најубави луѓе во светот, според математичката формула заснована на познатиот златен пресек.
Сепак, неговата колешка во својата автобиографија открива дека постоел дел од неговото тело од кој многу се срамел.
Пошироката јавност дефинитивно го доживува Бред како најубавиот маж на светот, како човек без маани, но актерот се обвини себеси за една работа што не можеше да ја поднесе.
Актерката Џина Дејвис во својата нова автобиографија „Умирање од учтивост“ ги раскажа деталите од снимањето на филмот со Бред Пит. Открила дека познатиот актер толку се срамел од еден дел од телото што побарал од шминкерите да го покријат со шминка.
Станува збор за мозолче на задникот, кое го имал долго време, а кое му правело многу непријатност.
„Бред не се грижеше за помпата што секогаш го опкружуваше неговиот добар изглед. Само му беше многу непријатно од упорното мозолче на задникот што шминкерите го покриваа по секоја сцена“, тврди таа во книгата.
Бред Пит еднаш истакна дека е исклучително благодарен за улогата што ја доби во филмот „Телма и Луис“ – на кој работеше заедно со Дејвис.
Извор: Нова.рс