(Видео) „Поради силиконите за малку ќе умрев“ – Лекарите останале во шок кога ѝ ги отстраниле имплантите од гради – ММС
ММС

Објавено на: 10/18/22 8:00 PM

(Видео) „Поради силиконите за малку ќе умрев“ – Лекарите останале во шок кога ѝ ги отстраниле имплантите од гради

Мелиса Лима во видео на ТикТок зборуваше за своето трауматично искуство кое се случило поради операција на градите, т.е. поставување силиконски импланти и последиците од оваа естетска корекција.

Атрактивната русокоса ги ставила силиконите во 2002 година, а причината е што работата „пред камера“ ја направила многу несигурна.

Осум години подоцна, во 2010 година, таа почнала да има чудни симптоми како депресија и чувство на надуеност. Со години се обидувала да добие одговори од лекарите, но никој не можел да одговори на нејзините прашања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melissa Lima (@melisssssalima)


Како самохрана мајка не можела туку така да ја напушти работата, па нозете и лицето  ѝ отекле до тој степен што била непрепознатлива. Благодарение на пријателка дознала дека проблемот можеби се имплантите.

На крајот не можела ниту да стане од креветот, а лекарите по десетгодишна борба ѝ дијагностицирале Хашимото,  хронична автоимуна болест на тироидната жлезда.

Во 2020 година, таа одлучила да ги отстрани силиконските импланти на градите.

@melissalima713 This is your sign. #breastimplantillnes ♬ CHANT (feat. Tones And I) – Macklemore


– Оваа одлука речиси ми го спаси животот – изјавила таа на ТикТок и нагласила дека веднаш по отстранувањето на имплантите, нејзиното лице и тело се вратиле во нормала за неколку часа. Отокот се намалил и таа конечно се почувствувала во нормала.

-Беше блиску да ме убие“, сподели таа на својот Инстаграм профил.

Лекарите се згрозиле од нечистотијата на силиконот што го отстраниле.

– Чувствував дека е моја должност да го споделам ова и тоа е единствената причина што го направив тоа. Добивам многу пораки од жени кои пишуваат дека минуваат низ истото. Внимавајте на симптомите кои вклучуваат екстремен замор, болки во зглобовите и мускулите, зголемување на телесната тежина, воспаление, зуење во ушите, проблеми со видот. Докторот кој го извади силиконот буквално ми го спаси животот, заклучила таа.