– Министерството за цивилна одбрана и вонредни ситуации на Краснодарската област соопшти дека пожарот во катната зграда во градот Јејск, каде се урна воен авион, е изгаснат.
„Пожарот во катната зграда е целосно изгаснат. Евакуирани се 250 луѓе, меѓу кои 40 деца. Сите се сместени во шест хотели и пансиони со капацитет од 500 легла“, се вели во соопштението.
The remains of the Su-34 crashed in #Yeysk extinguished
This was stated by the Governor of the Krasnodar region Veniamin Kondratiev.#Russian media published a video of the house on which the Su-34 fell. pic.twitter.com/qjE1DEnba5
— NEXTA (@nexta_tv) October 17, 2022
„Спасувачите го завршија пребарувањето под урнатините… Вкупно 13 лица загинаа, меѓу кои три деца, додека 19 лица се повредени“, соопшти Министерството за вонредни ситуации.
Пожар избувна во деветкатница во градот Јејск откако во неа се урна воен авион Сухој 34. Пилотите се катапултирале и според нивни изјави, авионот се урнал откако еден од моторите се запалил.
According to Russian Emergency Ministry, the number of victims in #Yeysk has increased to 19, four in serious condition.
Eight of them have severe burns and carbon monoxide poisoning.
At least three deaths are also reported. pic.twitter.com/Rnf2NKAkoG
— NEXTA (@nexta_tv) October 17, 2022
Пожарот во зградата во Јејск бил предизвикан од керозин што се запалил на местото на несреќата на Сухој 34.
МИА
Фото: Твитер принтскрин
ГУ МЧС: два человека погибли и 15 пострадали при падении самолета Су-34 в Ейске.
На видео попал момент крушения истребителя pic.twitter.com/9aN2FagxQo
— Холод (@holodmedia) October 17, 2022