Поставена првата ветерна турбина во ветерпаркот Богословец – ММС
ММС

Објавено на: 10/17/22 12:46 PM

Поставена првата ветерна турбина во ветерпаркот Богословец

Поставена е првата ветерна турбина во првиот приватен ветрен парк кај светниколското село Богословец. По една година од официјалниот старт на ветерниот парк веќе се гледа првата ветерна турбина, како и столбовите на останатите ветерници.

Во источна Македонија ова е прв ветерен парк, инвестиција е  во вредност од 61 милион  евра. Во ветропаркот Богословец се предвидени осум турбини и моќност од 36 мегавати, кој ќе го удвои постојниот ветерен капаците во земјата и ќе придонесе кон намалување на CО2 емисите од над 87.000 тони годишно.

Во наредните 25 години ќе  овозможи зелена енергија за околу 20.000 домаќинства во државата.