Мерилин Монро наводно ја родила ќерката Гледис Бејкер Морис, а татко на детето е американскиот претседател Џон Кенеди, со кого наводно имала страсна љубовна врска.
Тврдењето на гинекологот на познатата актерка Мерлин Монро кој пред многу години изјави дека по два спонтани абортуси во јуни 1961 година Мерилин родила ќерка може да се потврди со постоењето на Гледис Бејкер Морис. Таа ја покрена правната постапка бидејќи поголемиот дел од животот го помина во верувањето дека е натамошен потомок на познатата актерка, поточно ќерка на нејзината братучетка Мередит Бејкер.
Во март 2014 година, на смртната постела, Мередит и признала на својата ќерка дека е посвоена и дека всушност е плод на забранетата љубов меѓу Мерлин Монро и Џон Кенеди.
„Ми кажа дека Мерилин се плашела дека браќата Кенеди ќе ја убијат неа и детето ако дознаат за бременоста, па се породила во тајност и ме сокрила кај неа набргу по породувањето“, открила Гледис.
Откако пронашла документи дека е навистина посвоена, Гледис го завршила процесот на докажување на нејзината сродност со еден од најинтригантните парови во историјата. Доколку ДНК покаже дека навистина е ќерка на Мерлин Монро и Џон Кенеди, се проценува дека ќе добие 100 милиони долари, колку што е проценетото богатство на славната актерка, кое годишно се зголемува за неверојатни пет милиони.
Погледнете како таа изгледа: