Западна Морава ги зеде животите на Милена Ериќ и Љубица Мијатовиќ.
Едната се заплеткала во речната трева, додека другата ја поклопила сајлата од мостот. Во болницата во Чачак се обиделе да ги спасат и реанимираат. За жал, не успеале.
Веста за нивната смрт стигна до населбата Улице, понова населба во близина на Зворник, каде што живеат луѓе кои побегнале од 32 општини низ Босна и Херцеговина, за време на војната, и кои нашле дом во Зворник. Таму засолниште нашле и Милена и Љубица, бегајќи од воениот виор.
– Куќата на нашата Милена остана пуста! Трагедија како ниедна друга – велат за Новости роднините на Милена Ериќ.
– Пред шест месеци го погреба сопругот Вујадин кој почина од рак, а сега почина и таа.
Велат дека имала уште две големи трагедии во животот.
– Пред околу шест години во Словенија ненадејно почина нејзиниот син. Го покоси срцев удар . Милена ја има и ќерката Драгана, која живее во Германија – велат роднините и додаваат дека Милена носела голема трагедија и лузна на душата уште од војната.
– Милена ги загуби двајцата браќа во војната. Тие загинаа во Осмац. Била побожна, често ги посетувала православните цркви, најчесто одела во Острог.
Како и семејството Ериќ, кое за време на војната избега од областа Калесија и се насели во Зворник, тешка судбина следеше уште една жртва – Љубица Мијатовиќ. И таа избега од војната, а нејзиниот сопруг, како и Милена, беше погребан пред шест месеци. Верата ги собра во тага и молитви.
ИЗвор и фото: република.рс