(Галерија) „Направивме многу грешки“ – Македонија го победи Луксембург, старт на квалификациите на ЕП – ММС
ММС

Објавено на: 10/12/22 9:30 PM

(Галерија) „Направивме многу грешки“ – Македонија го победи Луксембург, старт на квалификациите на ЕП

Македонската машка ракометна репрезентација сосема очекувано убедливo победи на стартот од квалификациите за пласман на Европското првенство.

Составот на селекторот Кире Лазаров вечерва во Скопје го совлада аутсајдерот Луксембург со 38:24.

И покрај победата селекторот Кирил Лазаров по мечот изјави дека не е задоволен поради големиот број грешки.

-Мислам дека попуштивме во второто полувреме, направивме многу грешки кои со посилни репрезентации многу ќе не чинат. Ракометот е спорт број еден и македонската публика може да те слави, но може да биде и обратно, рече тој.

А што се случуваше на теренот погледнете во галеријата на нашиот фоторепортер Вангел Тануровски.