Експлозивот употребен на мостот на Крим бил испратен од Одеса преку Бугарија, Грузија и Ерменија, тврдат од Москва – ММС
ММС

Објавено на: 10/12/22 8:33 AM

Експлозивот употребен на мостот на Крим бил испратен од Одеса преку Бугарија, Грузија и Ерменија, тврдат од Москва

Експлозивот употребен на мостот на Крим бил испратен од Одеса преку Бугарија, Грузија и Ерменија, тврди руската Федерална служба за безбедност, пренесе БТА.

Како организатор на експлозијата, посочен е шефот на украинското воено разузнавање Кирил Буданов.

Петмина државјани на Русија, тројца државјани на Украина и на Ерменија се приведени поради учество во експлозијата, која Москва ја окарактеризира како терористички чин, информира Интерфакс.