(Видео) Да се плаче и смее во исто време! Ова се вика живот! – ММС
ММС

Објавено на: 10/11/22 12:43 PM

(Видео) Да се плаче и смее во исто време! Ова се вика живот!

Уличен музичар свири, а бабите весело танцуваат.

Тоа се случува во Белград, од каде потекнува видеото на Твитер.

Едната баба е во инвалидска количка, додека другата ја вози околу свирачот и танцува.  Свирачот застанал пред жената во инвалидска количка и свирел само за неа.

Госпоѓата што ја турка количката има рака во гипс, што ја прави целата сцена уште поемотивна.

„Еве, ако сакате да се смеете и да плачете во исто време“, гласеше натписот на видеото откако беше споделено на Твитер.