Нови 72 случаи на КОВИД-19 се регистрирани во изминатите три дена (7, 8 и 9 октомври) од вкупно 871 направен тест, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Од новите случаи, 60 се во Скопје, три во Куманово, по два случаја имаат Битола и Велес и по еден Прилеп, Охрид, Струмица, Струга и Ресен. Од вкупниот број позитивни (72), 18 се реинфекции.
Регистрирани се 161 оздравен пациент: Скопје – 116, Битола – седум, Куманово, Прилеп и Кичево по четири, Велес, Охрид, Кавадарци, Неготино и Кратово по три, по двајца оздравени има во Тетово, Штип, Гевгелија и Берово и по еден во Струмица, Гостивар и Виница.
Во изминатите три дена не се пријавени починати лица, а согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој термин, пријавени се четири починати, со датум на смрт од 14 септември до 6 октомври 2022. Тројца се од Скопје, на возраст од 96, 80 и 73 години, и еден од Кавадарци на 58-годишна возраст. Тројца починале во домашни и едно лице во болнички услови.
Епидемиолошки анализи на вкупен број заболени и на активни случаи по градови:
Скопје 161 776, Активни 238
Куманово 18 231, Активни 15
Битола 17 955, Активни 18
Прилеп 15 505, Активни 12
Тетово 14 470, Активни 9
Кавадарци 12 087, Активни 6
Велес 10 804, Активни 7
Охрид 10 313, Активни 8
Гостивар 10 275, Активни 0
Струмица 8781, Активни 5
Штип 8760, Активни 6
Кичево 6075, Активни 1
Кочани 5544, Активни 0
Струга 5172, Активни 1
Гевгелија 4881, Активни 2
Неготино 4146, Активни 3
Ресен 3030, Активни 1
Радовиш 2836, Активни 1
Свети Николе 2795, Активни 1
Крива Паланка 2660, Активни 0
Делчево 2183, Активни 0
Берово 1875, Активни 1
Дебар 1812, Активни 0
Валандово 1600, Активни 0
Виница 1478, Активни 0
Пробиштип 1299, Активни 0
Кратово 1129, Активни 1
Богданци 1101, Активни 0
Крушево 1038, Активни 1
Демир Хисар 929, Активни 0
Македонски Брод 800, Активни 2
Демир Капија 628, Активни 0
Македонска Каменица 534, Активни 0
Пехчево 519, Активни 0
Дојран 370, Активни 0
Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата досега изнесува 343 391 од направени 2 174 086 тестирања. Оздравеле 333 504, починале 9548 луѓе, а активни се 339 случаи.